Ова се исклучително меки кифли, за кои сметам дека и сликата го кажува истото.
Топло ви ги препорачувам.

Во топлото млеко ставаме квасец, шеќер и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме солтта.маслото, стасаниот квасец, киселата павлака,  пецивото,
промешуваме со вилушка и постепено додаваме брашно.
Месиме со рака се додека не добиеме мазно, нелепливо тесто.
Го покриваме со прозирна фолија и го оставаме да се дуплира.
Потоа тестото го делиме на 2-3 топки.
Секоја топка ја расучуваме во коричка.
Сечеме на триаголници и виткаме кифли.
Ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме сусам.
Оставаме 15 минути на топло, па ги печиме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Ги покриваме со чиста крпа, да одстојат 5 минути, па ги сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани