Досега сите сме правеле и пробале палента од пченкарно брашно, но еве ве охрабрувам да пробате и палента од други брашна, како што е јачменово. Искрено, мене оваа варијанта повеќе ми се допаѓа, бидејќи јачменовото е понеутрално на вкус од пченкарното.

Се подготвува на овој начин

1. Водата, солта и путерот се ставаат да зовријат и да се спојат заедно.
2. Со помош на жица за матење, полека се додава брашното и постојано се мати на тивок оган.
3. Смесата се меша додека не почне да се одвојува од садот и да се згусне. Тоа трае околу 5 мин.
4. Чварките се затоплуваат на тивок оган.
5. Се послужува палентата наросена со чварки и се ужива во секој залак.

- Наместо чварки, слободно може да се употреби урда или сирење.
- Ако сакате помала или поголема количина, прилагодете ги состојките според потребата. Ова е сосема доволно за 1, за да убаво се најаде.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови