Палентата зазема значајно место во нашата традиционална исхрана. Произведена е од првокласно пченкарно зрно. Се одликува со ниска содржина на маснотии и голема впивлива моќ. Се препорачува како храна за лица преосетливи на глутен. Палентата служи за приготвување на најразновидни специјалитети.

Погодна за приготвување на качамак и разни оригинални јадења.

Во малопродажните објекти, палентата од Сончева Долина може да ја најдете во пакување од 400г.

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.