Тиквичката излупете ја, изрендајте ја, ставете малку сол и оставете ја во цедалка петнаесетина минути. Кога ќе ја пушти водата убаво исцедете ја.
Во неа ставете ги јацата, сирењето, млекото, јогуртот, исечканите перца од младото кромитче, зачинете и постепено додавајте го брашното, мешајки.
Треба да се добие не многу густа смеса.
Печете на тава за палачинки, убаво да зарумени од двете страни.
Од оваа смеса направив 6 палачинки.
Служете ги со прилог по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани