Овие палачинки ги правам прв пат и така од ум ги избрав состојките, но крајниот резултат беше навистина одличен. Многу вкусни..одличен појадок.

Во длабок сад ја налеваме минералната вода и ги додаваме мешаниот зачин, црниот пипер, солта, маслото, сувиот квасец, содата(пециво), спанаќот, морковот и сирењето. Промешуваме со лажица. Потоа го додаваме пченкарното брашно и на крај пченичното брашно го додаваме со лажица (додаваме онолку колку да се згусне тестото како она за обични палачинки).

Потоа го прекриваме готовото тесто и го оставаме на топло околу 15 минути.

По изминати 15 минути веќе е спремно за печење на палачинки.

Тавата за палачинки ја ставаме на рингла да се загрее и во неа ставаме многу малку масло, потоа почнуваме да ги правиме палачинките. Земаме една кутлача, со неа земаме од смесата, во форма на круг ја налеваме во тавата и печиме така додека не порумени. Ја превртуваме и исто печиме и од другата страна.

Готовите палачинки може да се филуваат по желба, но и не мора бидејки и така се превкусни.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови