Префинет вкус на прекрасни палачинки.
Едноставни по состав. Со еден збор преубави.
Рецептот го најдов на интернет, но не зажалив што го пробав. Еве да го споделам.
Бананата и јајцето се блендираат.
( јас користев нутрибулет )
Додаваме две лажици брашно. Повторно блендираме.
Тавата во која ќе печеме палачинки, ја попрскуваме со масло во спреј или пак едноставно ставаме само две капки масло.
Значи и не мора да се стави масло, ако имате делимано тава за палачинки.
Земате по една лажица и ставете во тавата.
Оставете да се запечемалку,па со шпатула,превртете.
Не оставајте долго да се печат.
Готовите палачинки,редете ги една врз друга полевајќи ја секоја со мед и боровинки.
Топлички се најубави.Пробајте и кажете))))
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови