Предлог ручек за посните денови.

* Замрзнатата златна мешавина се става во тава бр. 28, се посолува, се става масло и се почнува да се запржува.
* Се додава ситно исечкан кромид и се пржи сето заедно. Замрзнатиот зеленчук ќе испушти вода со која во исто време и се динста. Се пржи додека да испари течноста.
* Се додава оризот и пак се запржува додека да застакли оризот. Потоа се става црниот пипер и мешаниот сув зачин, се пржи кратко и се додава млаката вода.
* Додека рерната да се загрее на 200-220 степени, оризот се крчка на помала јачина на ринглата, штом се загрее рерната, тавата се става во неа и стои 20-30 минути, односно додека да се свари оризот.
* Пред јадење се наросува со свеж магдонос и други мирудии по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани