Прекрасно освежување во пресрет на пролетта и Велигденските празници. Обожавам сутлијач, но избегнувам кравјо млеко, а кокосовото млеко е негова одлична замена.

- Оризот во вариме во кокосовото млеко 15 минути или се додека не е сварен, на крај го додаваме медот.
- Сварениот ориз го блендираме до мазна смеса, по потреба доколку тешко ви се блендира (јас не додадов) додадете уште малце млеко.
- Во садови или чаши сипете го оризовиот пудинг.
- Изблендирајте го одмрзнатото шумско овошје заедно со бананата. Добиената смеса сипете ја врз пудингот.
- Пред сервирање добро изладете и уживајте.
- На врвот наросив мелен мак.

Напомена
Јас кокосовото млеко го правам со блендирање на 200гр. кокос и 800мл. топла вода. Добиената смеса ја цедам преку газа и млекото е готово за користење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови