Чашата е од 240 мл.
 
- Се вари орзото како вообичаено, сите тестенини како што се варат, се става во цедала да се исцедат.
- Во друг сад измешајте ги заедно веќе исецканиот на помали коцки црвен кромид, целеровото стапче, магодносот, маслинките и додадете го исцеденото Орзо. Псолете на вкус, додадете ги оцетот и маслото, размешајте.
- Сервирајте, посипете со бибер, потоа уживајте во вкусовите.
Напомена
- Во рецептот кога за прв пат ја вкусив оваа салата имаше и свежо нане и магдонос, но овде го сакам исклучиво само магдоносот и нането го изоставувам напоменувајки овде за него. Можеби пак некој ќе го сака во оваа салата и него. Маслинки други немав денес, ставив цели дехидрирани.
- Целеровото стапче или дршка, како да го наречам и јас не знам, од што многу го сакам ставам повеќе. Немалку пати сум ставала и сончогледово масло, јаболков оцет овде повеќе ми некако одговара - вие како сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани