Ова е нај добриот рецепт за ореовки, а верувајте ги имам правено по неколку рецепти. Ореовките се екстра вкусни и се топат во уста што може да се види и од самиот состав.
Прво белките треба да се на собна температура, се матат во цврст снег и постепено се додава шеќерот.
Потоа се додава брашното и лебните трошки. Се меша со лажица со лесни движења и немојте да мешате енергично.
На крај се додаваат мелените ореви и повторно се лесно се меша.
Од готовата смеса се формираат полумесечини или потковици кои убаво се валкаат во толчени ореви.
Вака подготвени орасниците се печат во загреана рерна на 150 степени околу 10 минути и уште неколку минути со исклучена рерна.
Се оставаат да се оладат и се послужуваат.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови