Еден од моите поомилени омлети.
Нането му дава преубав вкус.
Може да го јадете со домати или јогурт.

Младите кромидчиња исецкајте ги и ставете ги на загреано масло да се запржат.

Во сад изматете ги јајцата, сецканото нане и рикотата.
Посолете по вкус.

Откако кромидот малку ќе омекне додајте го во садот со јацата и измешајте.

Истурете ја смесата во тавата во која се пржел кромидот и поклопете со капак.
Откако ќе се запржи од долната страна покријте со чинија чиј дијаметар е помал од тој на тавата и превртете.
Вратете во тавата за да се запржи и другата страна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани