Лесни вкусни и освежителни коцки.
За пандишпанот прво се матат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер до побелување. Се додаваат млекото и маслото и се меша со лажица.
На крај се додаваат брашното и печивото.
Смесата се турива во тавче со димензии 20 на 30 сантиметри и се пече околу 20 минути на 180 степени. Печениот пандишпан се сече на коцки со димензии од два см на два см. Потоа коцките се лепат со фил.
Фил
Пудингот се вари на стандарден начин според упатството на кесичката. Чекаме малку да се излади, во пудингот го додаваме парчето путер и една лажичка од напитокот со вкус на калинка.
Кога целосно ке се олади пудингот ги додаваме сецканите јагоди.
Коцките пандишпан ги лепиме со фил. Ги декорираме со парчиња јагода и наросуваме со малку кокос.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови