Еден убав спој на кокос и шумски плодови.
Ледена торта како што јас ја нареков, а ја подготвив за именденот на мојата ќерка Елена.
Вкусот извонреден, останува на вас да ја пробате.
Подготовката е следна.

Белките ги двоите од јајцето и со шеќерот ги матите во густ бел снег.
Со шпатула благо се промешува додавањето на кокосот и брашното.
Обложете го калапот со хартија за печењеи  наполнете го со смесата за пандишпан.
Печете во зафгреана рерна додека не зарумени, а проверете со чепкалка дали е печено.

Печениот пандишпан оставете го да излади и преполовете го.

Белиот фил се приготвува така што во садот со млекото се додава шеќерот и се става да се загрее.
Густинот се разматува со мал дел од млекото и се додава во остатокот млеко. Се вари во густ крем.
Путерот се мати на страна пенесто додавајќи му ги 4 паковки ванила.
Откако густинот крем е ладен се помешува со путерот и се добива убав нежен крем.

Сега одиме на подготовка на овошниот крем.
Се мијат убаво шумските плодови и се ставаат на оган со шеќерот и водата.
Нека провријат добро,околу 10 минути, а потоа во садот се додава мешвината од разматен пудинг и густинот.
Се меша убаво и се трга од оган.
Се остава да излади убаво.
Откако се е изладено, се е приготвено, одиме на редење на тортата.
Се става првото парче од пандишпанот.
Се премачкува белиот фил во дебел слој, а потоа се премачкува со овошниот фил.
Се додава вториот дел пандишпан, па повторно се премачкува собелиот фил.
Јас ја редев во калап за да не ми бега филот.
Откако е наредена така тортата, ја ставив во ладилник и откако се стврдна, ја извадив и ја декорирав со свежо или замрзнато зрнесто шумско овошје.
Ја подготвив розе глазурата и ја полеав врз овошјето. Ја оставив да истече своеволно по тортата.
Нека излади добро па сервирајте.
На здравје со убавата ледена торта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови