Ова е овошна, лесна и вкусна торта.
Најпрво се прави пандиспањата. Се матат јајцата со постепено додавајки го шеќерот. Потоа со шпатула се додава брашното во кое е измешано пецивото. Се печи на намрснат округол плех бр.26.
Се печи на 180С-35мин. Се попрскува со млеко испеченото тесто.
Филот се вари со сите состојки. Се лади и се додава избиениот маргарин.
Се филува тортата. Врз тестото се става слаткото од цреши и целиот фил. Потоа се украсува со изматениот шкаг и се декорира по желба. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани