Често подготвувам, со она што го имам дома од овошје страна. А во оваа прилика, специјално отидов до маркетот и купив по малку од сите овошја што ги видов.
Го иссечкав сето овошје, јатките, лешниците и сусамот ги потпеков во тавче на рингла на брзинка, колку да замирисаат.
Во чашата ставав од сите овошја, освен јагодата, па го турив медот, оревите, лешниците и сусамот и внимателно го промешав сето. Мојата порција беше толку.
За сопругот (по негова желба) додадов шлаг со јаготката како декорација и малку чоколаден прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови