Многу вкусна, лична и едноставна посна салама.
1. Локумот заедно со шеќерот, ванилата и водата се ставаат во сад на многу тивок оган. Со повремено промешување се чека да се растопи локумот и да се добие еднолична смеса.
2. Се сецкаат оревите, кајсиите и ананасот.
3. Во садот со локумот кој во меѓувреме сме го тргнале од оган го додаваме овошјето и оревите.
4. Се заедно убаво мешаме и оставаме да се под олади.
5. Во калап прво ставаме најлонаска фолија која ја наросуваме со шеќер во прав и внатре ја ставаме смесата.
6. Формираната салама ја оставаме убаво да се олади и да се стегне на ладно преку ноќ.
Потоа сечеме и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови