Исклучително кревок и сочен колач е мојот предлог денес.

Во сад ги ставаме ванилата, шеќерот, јајцата и матиме додека не се добие убав светла пена.
Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот, млекото, маслото и соединетите брашно, пециво и сода.
Промешуваме убаво.
Половина или 2/3 од смесата истураме во намастена и побрашнета тава.
Тавата ја ставаме во рерна и печиме околу 7-8 минути, односно додека тестото не фати коричка.
Низ овошјето ставаме 1 лажица гриз, до колку е поводливо може да се додаде уште една.
Запеченото тесто го вадиме од рерна, го нанесуваме овошјето и врз него и нерамномерно го ставаме остатокот на изматената смеса.
Плехот го враќаме во рерна и печиме уште од прилика 20 минути.
Оставаме колачот да се излади, па сечеме на коцки.
Наросуваме шеќер во прав и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани