Од здрави колачиња никогаш доста, а воедно одличен посен појадок.

- Лененото семе заедно со водата се остава 15 минути да набубри.
- Бананите се блендираат или се гмечат со вилушка до кашеста конзистенција.
- Во сад се соединуваат сите суви состојки, додека во друг се соединуваат мокрите состојки.
- Постепено сувите се додаваат во садот со мокрите и се се меша до воедначена смеса.
- На плех обложен со хартија се обликуваат колачиња кои благо се сплескуваат или јас користев печат за колачи со божиќни мотиви.
- Се печат 10-14 минути на 175 Ц.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови