Прекрасна, многу издашна обланда е мојот предлог денес.

Во касерола на тивок оган ги ставме да се соединат водата и шеќерот.
Потоа го додаваме маргаринот.
Нека проврие заедно 1-2 минути.
По желба може да се додаде ванила......
Тргаме од оган и ги додаваме бисквитите, оревите и кокосот.
Убаво ја соединуваме смесата.
Ја делиме на половина.
Во едниот дел ставаме какао и убаво промешуваме.
На даска за колачи ставме лист обланда.
Врз него ставме неколку лажици од топлиот бел фил.
Израмнуваме.
Ставаме лист обланда, па топол темен фил.
Израмнуваме, лист обланда, бел фил, обланда, фил...
Ќе имаме да намачкаме 2 пати темен, 2 пати бел фил.
Поклопуваме со чиста обланда.
Поставуваме фолија и врз фолијата ставаме некој тежок предмет за убаво да се залепат обландите.
Нека одстојат така неколку часа.
Сечеме ленти, па сечеме на парчиња.
Сервираме и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани