Убедливо нај вкусна обланда што ја имам пробано. Често ја правам дома, многу ја јадеме сите и никогаш не останува.
Кафеав фил
Белките се матат во цврст снег и постепено се додава шеќерот и ванилата. Потоа се додаваат мелените бисквити и какаото. Се убаво се меша.
Жолт фил
Путерот пенасто го матиме. На страна ги матиме жолчките со шеќерот во прав додека се добие пенаста смеса. Во жолчките го додаваме путерот и продолжуваме со матење Потоа ги додаваме мелените ореви и сокот од лимон.
Обландата ја филуваме наизменично еден лист со кафеав фил еден лист со жолт фил.
Последниот лист не се филува. Над филуваната обланда ставаме тежок предмет и ја оставаме преку ноќ.
Кој пробал знае, кој не пробал нека не се мисли!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови