1. Се мешаат сите течни состојки за тесто, па се ставаат на оган да зовријат. Се додава и ванилата.
2. Откако смесата е зовриена, се трга на страна, се додава пециво и брзо се меша, ќе се добие пенеста смеса.
3. Се додава брашно и се меша брзо за смесата да се изедначи, да стане тесто.
4. Нека одмори 5 минути, а потоа се почнува со додавање на јајцата, едно по едно мешајќи.
5. Кога ќе се добие жолта смеса, еднаква, еден плех обложуваме со пек хартија, и врз него со лажица (1 лажица – 1 еклер) нанесуваме од смесата.
6. Еклерите ги печам во загреана рерна на 250 степени, точно 15 минути (или додека не поруменат убаво). Додека да се испечат, никако не смее да се отвори рерната, ни на секунда, затоа што откако ќе се испечат веднаш ќе спласнат, а тоа не го сакаме затоа што тогаш се тешки за филување. Ако не сте сигурни, оставете да се печат 15 минути на пониска температура, па потоа проверете ги.
7. Прашокот за пудинг се раствора во дел од млекото.
8. Во останатото млеко, се додава шеќер по желба и се остава да зоврие.
9. Потоа го додаваме пудингот и мешаме додека да згусне.
10. Тргаме од оган, додаваме чоколадо и мешаме да се истопи.
11. Готовиот пудинг се остава да се излади.
12. На страна се мати слатката павлака, цврсто, а потоа двете смеси се спојуваат за да се добие крајниот фил.
13. Со него, со помош на слаткарски шприц ги полниме топлите еклери (претходно треба да им се направи мало дупче, за да се наполнат убаво со кремот).
14. Чоколадото го стопив во микро, му додадов малку масло и со него ги глазирав готовите екелери.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови