- Во чаша се става кафето и ванилиниот шеќер (наместо обичен), се додава водата и со апаратче за матење се мати на стандарден начин.
- Штом ќе се направи густиот дел на кафето, се става млекото, но да се остави место и за сладоледот за да не претече од чашата.
- На крај се става сладоледот од чоколадо и се служи веднаш.

Користев ванилин шеќер бидејќи така кафето ми е повкусно, а и таа количина на шеќер ми е доволна по вкус. Иако сладедот е благ, сепак кафето не е многу благо.
Ако пиете кафе без шеќер, додадете течна ванила, многу е вкусно и така.
Користете цевче кое на долниот дел има мала лажичка, па така со него ем се јаде сладоледот, ем се пие кафето.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани