
Торта со афион и конзервирани праски (без печење)
Сварете го афионот во млекото заедно со шеќерот. Тргнете од рингла и додадете ги прво путерот и искршеното чоколадо и мешајте додека се стопат, па на крај додадете ги оревите и бисквитите и се убаво изедначете со мешање.
Ставете го првиот дел врз намастен калап за торти бр 26 и оставете го во фрижидер додека се приготвува вториот дел.
Исто и за него афионот се вари со млекото и шеќерот и се остава убаво, потполно да олади.
Во оладеното млеко со афион се додаваат прашоците за пудинг и крем и со миксер убаво се матат. На крај се мати и киселата павлака.
Праските од компотот убаво се цедат од сокот и се распоредуваат врз првиот дел. Врз него се премачкува вториот дел со ванила кремовите.
Се остава неколку часа или преку ноќ во фрижидер за убаво се се стегнат слоевите
Лиценца: Сите права се задржани
тортата навистина лесна и брза за правење ни беше прекрасен и вкусен десерт за јадење