Исклучително нежни и вкусни колачи, кои се топат во устата.
Можеби бараат повеќе време и трпение, но верувајте дека секоја потрошена минута се испалати,

Прво на послужавник ги распоредуваме малите хартиени корпи.
Над пареа го растопуваме белото чоколадо со маслото.
Секоја хартиена кошничка ја премачкуваме со чоколадо со помош на мало четче и ја оставаме во фрижидер.
Постапката ја повторуваме уште еднаш.
Во еден сад ги соединуваме жолчките, кората од лимон, сокот од лимон, густинот.
Убаво соединуваме.
Во касерола ставаме млеко и шеќер.
Ја додаваме претходната смеса и вариме на тивок оган до згуснување.
Со повремено мешање ја ладиме смесата.
Сега тука ја додаваме и слатката павлака.
Миксаме се заедно кратко.
Внимателно, јас со помош на игла ослободував едно делче од хартиените корпи, ги одстрануваме и ги фрламе.
Кремот го полниме во готварски шприц.
Секоја бела чоко кошничка ја полниме со крем.
Декорираме со чоко ситни топчиња.
Сервираме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани