Уште еден рецепт за еклери кој го добив од мојата сестра, прекрасен и секогаш успешен, мора да го пробате !!!

Да напоменам шољата е од 250мл.

Најпрво ги кршиме јајцата во еден сад на страна да ни бидат спремни да подготвувње. Во тенџере на тивок оган ги ставаме водата и маслото. Откако ќе зовријат го додаваме брашното и мешаме се додека смесата не почне да се одлепува од тенџерето.
Кога смесата ќе биде готова, ги додаваме одеднаш сите шест јајца и матиме со миксерот на најголема брзина се додека тестото не се соедини убаво.

Го ставаме тестото со шприц за тулумби или со лажица во тепсија обложена со хартија.
Се остава растојание помеѓу нив околу два прста бидејќи нараснуваат, да не се залепат.

Ги печеме на 180 степени (или 200 степени зависи од рерната)
25 минути без отварање на рерната, во спротивно може да се спласнат.
Додека се печат го правиме филот.
Во тенџере ставаме 1 литар млеко со шеќерот и ванилиниот шеќер да зоврие. На страна во сад го мешаме остатокот од млекото со брашното, густинот и пудингот. Откако млекото ќе зоврие ја додаваме смесата и вариме фил како пудинг. Оставаме да се подолади.
Откако еклерите ќе се испечат ги сечеме на пола и ги филуваме со филот, одозгора ги декорираме со чоколадо.

Пријатен апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани