Откако сопругот го подготви пилешкиот стек на ваков начин веќе никогаш нема да го подготвиме на поинаков начин. Превкусно и многу сочно пилешко месо, а се што треба да се направи е да се подготви маринадата, останатото го прави шпоретот.

1. Во поголем сад се мешаат сите состојки за маринадата додека истите не се соединат.

2. Пилешкиот стек се сече на помали долги парчиња кои се ставаат во садот со маринадата.

3. Со раце убаво се мешаат парчињата пилешки стек за целосно да бидат потопени во маринадата и се оставаат да отстојат околу 1 час.

4. Плехот или тавата за печење се обложува со хартија и внатре се распоредува пилешкото месо. Месото се прелива со остатокот од маринадата и се пече 45 минути на 220 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани