За ова ви се потребни кои било риби само да се ситни. Во мојата варијанта тоа се риби папалини.
Рибата исчистете ја од главата и внатрешноста. Посолете, додадете зачини и оставете ја половина час  во фриждер.
Зејтинот ставете го во тавче да се стопли, а рибата извалкајте ја во брашно.
Редете ги рибите по кругот на тавчето и во средина ставете три риби. Оставете да се пржи.
Кога рибата ќе се потпржи врз неа ставете капак и превертете ја на капакот. Од капакот сите риби лизнете ги пак во тавче. Тогаш остануват исто наредени како што беа и оставете ги пак да се пржат.
Пржените риби исто така извадете ги на капакот од капакот превертете ги во чинија.
Многу убав начин на пржење. Не треба една по една риба да се превертува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови