Да ви го претставам неговото височество хумусот, се разбира во моја изведба.

Подготовка
Сите состојки ги додаваме во сад во кој ќе ја блендираме храната, јас тоа во Нутрибулет чашката.
Вода на почетокот ставаме помалку, ама кога ќе биде потребно додаваме по неколку лажици. Значи престануваме со блендирање, ја гледаме густината, ја симнуваме смесата од страните на чашката и продолжуваме со блендирање.
На крајот го истураме во тањир за сервирање и го попрскуваме со масло, украсуваме со варена леблебија.

Забелешка
Наутот може да го сварите, а може да го набавите веќе сварен, од тегла или конзерва. Ако го варите најдобро е од вечер да го потопите во вода да набабри до утрината, па да го варите.
Количината на состојките за вкус ги додавате по сопствен вкус. Блендирате, престанувате, пробувате и додавате зачин по сопствен вкус.
Може и потечен да го направите, може и повеќе масло да ставите, ние го сакаме ваков, за да може да се мачка на кришка леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани