Знам дека традиционалната мусака има компири и јајца и е највкусна, но ова е предобра алтернатива за они кои сакаат да избегнат компир.

1. Се сецкаат кромидот, лукот и морковите
2. Исецканите состојки се потпржуваат на малку зејтин (кромидот да смени боја, 3-5 мин)
3. Се додава меленото месо и се пржи исто додека да смени боја
4. Се додава измиксаното доматно пире (јас користев домати од конзерва, претходно ги измиксав во блендер)
5. Се додава и водата
6. Се додаваат зачини по вкус, јас додадов сол, босилек и црн пипер и малку маслиново масло
7. Се остава да динста смесата околу 10тина минути на тивок оган
8. Во меѓувреме се сецкат тиквиците
9. Во не многу голем сад се реди 1 ред тиквици, па се додава смесата со мелено месо и доматно пире. Се така додека не се потрошат сите состојки.

Се пече во фурна на 220 степени. Се зависи од фурната но јас печев 20 минути покриено со фолја, 20 минути без.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови