Брашното се просејува во сад каде што ќе се меси.
Во средината се прави вдлабнатинка и се активира квасецот со шеќерот и дел од топлото млеко.
Се додаваат и останатите состојки и се замсеува меко, лепливо тесто.
Се премачкува со масленце, се покрива со стреч фолија и неколку памучни крпи и се остава на топло да го дуплира волуменот.
Потоа со намрсени раце се кинат топчиња и се оставаат и тие да надојдат 15-20 мин..
После тоа време се развлекуваат со намрсени раце и се пржат во длабока загреана мрснотија на умерен оган, додека поруменат од двете страни.
Се вадат на кујнска хартија.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани