- Пресејте брашното и измешајте го со шеќерот и солта.
- Во млакото млеко и вода растворете квасецот
- Сирењето исецкајте го на мали коцки (да не се ренда)
- Маргаринот исто така исецкајте на коцки
- 2 (две) јајца и една жолчка со вилушка сматете ги
- Во брашното додадете го веќе растворениот квасец (можете да направите и така што ќе одвоите од водата и млекото, додадете малку брашно и шеќер, квасецот, разбркајте и оставете да стаса. Откако стасал да го додадете во брашното.
- Додадете ги и сматените јајца, со лажица бркајте да замесите меко тесто. Не се меси со рака бидејки е многу меко. Откако сте го добро измешале и сте добиле убава хомогена смеса, додадете во тестото повеќе од половината од секцканото сирење, повторно избркајте, покријте и оставете да го удвои обемот.
Вака стасаното тесто без да го промешувате истурете го во подлабоко подмачкано плехче или истото постелено со хартија за печење. Колку ќе успеете да го израмните - толку - само растресете го плехчето и помогнете си малку со лажица која ќе ја навлажнувате. Одозгора распоредете го остатокот од сирењето, маргаринот. Премачкајте со жолчката која сте ја разматиле со малку вода или млеко. Ставете во рерната и вклучете ја на 180 степени. Кога ќе е добро зацрвена одозгора, печена е. Не гледав на саат за да забележам колку време се пече. Зависи од рерната

НАПОМЕНА
- Доколку одлучите да ставите маст наместо маргарин, тогаш со лажиче распределете по површината на тестото.
- Јас го сецкам исто така маргаринот заради полесно распоредување, а и лесно се сецка кога ќе се извади од фрижидер - да не стои на собна температура.
- Ако не ви е солено сирењето - ставете малку повеќе сол во тестото.
- Кога ќе се пече, ќе ви се чини дека многу е маргарин или маст, не е, таман додека се испече - придонесуваат за таа фантастична корка која крцка додека се јаде топло. Велам во подлабоко плехче да биде ставено тестото токму заради мрснотијата. Тестото како нараснува лесно може да не направи место и ќе истече. Не е грешка ако се стави и во поголемо плехче, ќе биде потенко,  но за таа сметка ќе се испече за пократко време.
- Овој боденик кој може да се нарече и Брза погача. Се срамувам да ви кажам колку пати се прави...Сирењето некој пат го сецкам поедро, некој пат поситно.. и доколку ви е погодено и на вкус сирењето - ова за мене е МРАК.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани