Во еден сад ги соединуваме јајцето, крем сирењето и шеќерот. Ги оставаме во фрижидер додека ја подготвуваме другата смеса.
Сега во еден сад ги соединуваме брашното, содата, вишните,какаото, инстант кафето, бадемот, шеќерот.
Постепено ги додаваме сокот од лимон, маслото и млекото, кое ни било на собна температура.
Убаво со лажица соединуваме.
Во калапот за мафини ставаме хартиени корпина.
Во секоја хартиена корпа ставаме по 1 лажица од кафената смеса.
Сега по едно мало лажиче ставаме од белата смеса и одозгора по малку ставаме од кафената смеса.
Го ставаме плехот во загреана релна и печиме околу 15 минути на 190 с.
Ги вадиме на решетка да се изладат па послужуваме.
Пресечената мафина беше последна останата за сликање и баш ми е жал што само малку се гледа од белата смеса.
Иначе се многу кревки и меки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани