Кифливе ги имам правено безброј пати и секогаш наидувале на голема заинтересираност за рецептот, па затоа решив да го споделам и тука. Прво млекото се става да се загрее малку и во него се става квасецот заедно со шеќерот и се остава да надојдe, Во длабок сад се става брашното, јогуртот, јајцата, маслото и на крај се додава нараснатиот квасец.
Од сите состојки се замесува меко тесто кое веднаш се дели на 8 делови и се оставаат да остојат 10мин.
За тоа време растопете го маргаринот. Потоа се зема првото парче се засукува и се премачкува со истопениот маргарин, над него се става второто, повторно се премачкува и се така до последното кое не се премачкува. Се остава да остои 15мин. Откако ќе поминат 15мин од осумте кори се сучи една голема кора од која се оформуваат кифличките. Кифлите се оставаат на собна температура уште 2 часа и потоа се премачкуват со јајце и посипуваат со сусам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови