Исклучително меко пециво.
Леб кој наликува на милиброд.
Магијата е во млекото во прав.
Пробајте го.

Во вангличка ги ставаме водата (млеко ставив јас) шеќерот и квасецот.
Промешуваме и оставаме малку да запени.
Додаваме сол и јајце и промешуваме со вилушка, односно може и со миксер, со маталки за тесто.
Додаваме просеано млеко во прав и брашно,
Замесуваме тесто, кое на почеток ќе биде многу лепливо.
Може на почетокот да се меси и со миксерот.
Може да се додаде минимално брашно, 1 лажиче.
Месиме 5 минути, па го додаваме растопениот путер и повторно месиме околу 10 минути.
Тестото месејки само ќе се формира во топка.
Топката ја удираме дваесетина пати од работната маса.
Го покриваме тестото со проѕирна фолија и го оставаме на топло околу 30 минути.
Втасаното тесто го делиме на 8 топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало долгнавесто кориче и го завиткуваме какао ролатче.
Ролатчињата ги редиме во долгнавест калап за леб, со растојание меѓу нив, бидејќи тој повторно ќе нарасне.
Оставаме така уште 20 минути.
Го премачкуваме со јајце и наросуваме сусам.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна на 200 с.
Го вадиме на решетка 15 минути да одмори, па го послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани