Ова ми се омилените колачиња од детството. Во тоа време рогачот не беше воопшто достапен, но бидејќи имам тетка во Загреб, таа го купуваше од таму и носеше овде па имавме залиха за да направиме и по неколку пати годишно.
Големина на филџан 150 мл (значи помал филџан).

Подготовка
Се матат пенесто јајцата со шеќерот и се додаваат останатите состојки. Просеаното брашно додадете го на крајот и убаво измешајте. Се печи во обложено тавче број 30 на 180 степени околу 25 минути. После печењето, оставете го малку да олади. Се отсекуваат кружни форми со чаша и круговите се сечат на средина по хоризонтала пред филување. Остатокот од пандишпанот ќе ви треба за филот.

За филот, нека зовријат млекото со шеќерот, додадете го чоколадото и нека се растопи па додадете ги со ронење остатоците од пандишпанот и убаво измешајте.
Филувајте ги на средина тортиците, а ако ви остане од филот, се нанесува и од горната страна.

Се декорираат по желба, можи со бел шлаг, со кокос, чоколаден прелив итн. Најубаво е со нешто што ќе даде волумен на горниот дел. Јас дел ги макнав и во чоколадна глазура за уште побогат вкус.

Најубаво е да се јадат наредниот ден, зашто стануваат меки и рофити.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови