Комбинација која многу од нас ја сакаат...кокос, чоколадо, лешник....

Белките ги матиме пенасто со солта, па го додаваме шеќерот на неколку пати и оцетот, матејќи се додека не добиеме цврст шам. Потоа го додаваме брашното и кокосот заедно помешани со пецивото, мешајки со помала брзина.
Калап со пречник од 26 цм. го премачкуваме со маргарин и излеваме една половина од смесата, па расфрлуваме дел од чоколадните капки. Ги покриваме со остатокот од смесата и пак расфрлуваме од капките и ги притискаме нежно да пропаднат во смесата.
Се става да се печи во загреана рерна и тоа 15 мин. на 200 степени.
Кога малку ќе олади кората, ја полеваме со ладно млеко.

Филот се спрема стандардно.
Жолчките се матат, им се додава брашното и дел од млекото за да се добие течна смеса.
Остатокот од млекото се зоврива со шеќерите, па му се додаваат жолчките со брашното и се вари на умерен оган, додека кремот ја добие потребната густина.
Се трга од оган, се додава чоколадото и се меша додека се стопи.
Мешам со миксер, за да нема грутчиња.
Се додаваат и лешниците.
Кога ќе олади, да биде млак, се спојува со маргаринот. Маргаринот пенасто се мати и му се додава лажица по лажица од кремот.

За ганаш - ја загреваме павлаката до точка на вриење и ја полеваме врз искршеното чоколадо. Мешаме додека се стопи и добие едноличен прелив. Малку да подолади и се излева врз тортата.

Финална постапка
Кората се сече на два еднакви дел.
Се премачкува со 1/3 од филот, па се става другата кора.
Се премачкува со остатокот од филот и се прелива ганашот.

На здравје! :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани