Вкусно, декоративно солено тортиче....

Најпрво сусамот се пропржува и остава да излади.

Путерот пенасто се мати, се додава фета сирењето и се мати. Се додава и крем сирењето, се убаво се соединува матејќи.
Се додава сусамот и убаво се меша.
Се дели на три дела вака добиената смеса.

Во првиот дел се додава шунката, во вториот-пиперта, а во третиот-кашкавалот.
(Ова е основата, а по желба и вкус може во секој дел да се додаде и нешто плус- сецкан магдонос, лукче, корнишони и итн...)

На соодветна чинија се реди тортата по истиот редослед, како што ги напишав деловите.

За украсувањето најнапред го растворив желатинот со водата, оставив убаво да впие, па го загреав на тивок оган да се стопи убаво, без да проврие.Се остава да подизлади, да биде млако.
Ја обложуваме формата со тенки листови шунка.Премачкуваме со растопениот желатин.Со оваа постапка се заштитува од сушење и потемнување шунката.

Оставаме убаво да се стегни во фрижидер пред послужување.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани