За подготовка на овие едноставни чоколатца потребно е
1. Во еден сад се става чоколадото искршено на коцки. Во него се додава маслото и се става на шпорет или во микробранова да се топи. Откако ќе се растопи се промешува додека да се соединат маслото и чоколадото.
2. Се приготвува калап обложен со фолија (големина и форма по желба) и во него се става малку повеќе од половина од чоколадото. Врз чоколадото внимателно и по малку се става путерот од кикиритки. Потоа се додава остатокот од чоколадото и се размазува така што треба да се покрие путерот од кикиритки.
3. Се става во замрзнувач околу 1 час. После 1 час се вади чоколадото од замрзнувач и се сечат парчиња(големина и форма по желба).
Предноста на овој десерт е што подготовката трае многу кратко, не е повеќе од 7 минути и уште еден плус е тоа што е исклучително евтин. Се прави само од 3 состојки, а има одличен вкус.Вкусот многу потсетува на сникерс чоколадото,затоа и името е мини сникерс чоколатца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови