Еве уште еден предлог за посни и брзи залчиња.Дозата е за 48 мини мафини, но од најмалите калапчиња.

Сите суви состојки се мешаат заедно, па се додаваат течните и се соединува со жица за матење.
Во калапот за мафини (премачкан со масло и по потреба обложен со хартиени корпици)се става по пола лажица од смесата, да се наполни речиси до горе. На средина се става вишна, може и половинка.
Се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Внимавајте да не ги препечите, бидејќи како што се мини, не сакате да ви остане препечена кората, ќе бидат многу суви.
На здравјте!

Забелешка - вишните може да ги ставате и замрзнати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови