Се става квасецот да скисне во една чаша топла вода со малку шеќер. Се замесува тесто од сите состојки (освен мармаладот и чоколадото). Тестото да биде средно меко. Се покрива со крпа и се остава на топло да скисне. Откако еднаш ќе скисне, се размесува со малку брашно и се остава втор пат да скисне. Кога и втор пат скиснало, тестото се размесува убаво и се дели на пола.
Едниот дел се остава на страна покриен со крпа.
Се зема половината тесто и се дели на три дела. Од првите три дела се прават три ролати со мармаладот,од ролатите се прави плетенка.
Се става на плехот. Истото се повторува и со другиот дел се премачкуваат со една лажица крем и малку сецкана чоколада, се прави плетенка и се става во плехот на малку растојание од првиот ролат.
Се ставаат во (поголем плех) се мачкаат сите со жолчка од јајце и се посипуваат со ванилин шеќер. Се печат на 200 степени 1 час. Откако ќе се испечат се покриваат убаво да омекнат и после 15 минути се вадат од плехот и се оставаат завиткани додека сосема не се изладат.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани