- Во сад измешајте ги брашното, гризот, кокосовото брашно, сувото грозје, ренданата кора од половина лимон и портокал, пецивото и тргнете настрана,

- Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот пенесто, додадете маслото, измешајте, додадете млекото, измешајте, додадете ја мешавината со брашното. Со лажица измешајте, додадете ги ренданите јаболка - Измешајте да се сите состојки добро спојат, истурете во тавка, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
- Извадете и оставете да се лади.
Шербет
- Додека се лади раванијата ставете во касерола шеќерот и водата, ренданата кора од половината лимон и портокал, нека провријат околу 5 минути, не повеќе, залијте ја веке исечената на коцки раванија.
Посипете со малку кокос.
Добро оладена го дава вкусот кој сакаме да го добиеме.
Напомена
Печев во малиот ростер тавка со размерот од 29х22
Не го преварувајте шербетот да не стане мнооогу блага.
Може да се намали и количината на шеќерот, но јас ја сакам баш вака како што е напишана, инаку не би била раванија.
Нека ви се слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани