Прво праските и смоквите ги лупиме.
Ги сецкаме на резанки.
Ги ставаме во пекач.
Дињата ја лупиме, чистиме и ја сецкаме на парчиња.
И неа ја додаваме во пекачот.
Ги додаваме зрната султанија, грозјето без семки.
Големите зрна Викторија, ги сечиме на пола( а по желба може и да се излупат) им ги одстрануваме семките и ги додаваме во пекачот.
Додаваме шеќер и лимонов сок.
Промешуваме и оставаме да одстои 30 минути.
Потоа пекачот го ставаме во рерна загреана на 220-250 с.
Готвиме околу 30 минути и повремено промешуваме.
Потоа цела смеса ја поминуваме со стапчест миксер.
Го враќаме пекачот во рерна и готвиме уште 20-30 минути, односно до посакуваната густина наа мармаладот.
Жежок го собираме во жешки, чисти тегли.
Оставаме убаво да се излади и спремен е за палачинки, колачи....кај мене ќе оди како додаток на кексот од јаболка по рецепт на Клара.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани