Сирењето го рониме низ рацете.
Пиперката ја сецкаме на коцки.
Доматот го сецкаме на коцки.
Морковот исто така на коцки.
Кромитчето го сечеме на мали делови.
Печурките ги сецкаме на појадри делови.
Зачинуваме со сол и црн бибер и мешаме убаво со голема лажица.
Полниме во земјени тави и ставаме во рерна околу 30 минути.
Уживајте со ова убаво ручече.

Од оваа доза излегуваат 2 тави.
Кој не сака вака нека си додаде мелено месо и така е многу вкусно.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови