Се сеќавате на оние евтини овошни сладоледи со вода што се продаваа порано? Е ова е нешто налик на нив, но не би го нарекла баш сладолед, ами повеќе како смрзнато овошје.

Стопете го медот во водата со загревање и оставете да се излади.
Лимонот исцедете го.
За три слоја како немаше киви на пазарот периодов користев со лубеницата дињи со различна боја.
Во чашата на Нутрибулет се става сечканото овошје секое посебно и во секое се додава по третина од течноста со мед и од цедениот лимон.
Првиот слој, во овој случај кај мене светла диња, се истура 1/3 од капацитетот на калапите за сладолед и се остава во фрижидер околку 40на минути да се стврдни.
Во меѓувреме се спрема вториот слој со лубеница, па се тура исто 1/3 од капацитетот на чашките врз здрвениот прв слој. Така се довршува и со третиот слој при што пред да се нанеси врз делот со лубеницата се става слој од чоколадни капки. Се остава најмалку уште 2 часа во фрижидер убаво да се здрви пред служење.

Користете најголема шолја од 250-300 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани