Се дроби кромидот и кратко се запржува, па се додава морковот рендан и се пржи да омекни, па се додава меленото месо.

Откако водата ќе испари и запржи месото се додава компирот исечкан на помали парчиња и водата.

Се намалува температурата и се покрива со капак да крчка додека се свари компирот.

Потоа се додава грашакот и доматниот сос и откако ќе се соединат за кратко време се прави запршката и се додаваат зачините.

На крај се додава павлаката и откако ќе се соедини добро се гаси ринглата.
Доколку не сакате многу густа можи да додадете малку повеќе вода или пак ако побрзо ви испарила додека се варел компирот исто така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани