Од состојките се меси тесто, така што предходно квасецот се активира во дел од топлото млеко.
Тестото веднаш се работи. Од него се прават 45 топчиња малку поголеми од орев.
Од секое се сучи кифличка. Кифличките се ставаат во намастен плех, се покриваат и се оставаат 1-1,5 час да отстојат. Можи да ги редите уште поблиску од колку на сликата. При печењето смеат да се залепат меѓусебно.
Потоа се преливаат со стопениот маргарин со масло со помош на лажичка или обемно се премачкуваат со четка.
Се печат на 180-200 степени додека благо потемнат одозгора.

Не се мачете ко мене одозгора ништо да ставате, нема да стои, а и не треба, но можите да ги филовате пред виткање со сирење или некој друг солен фил или пак, со мармалад или некој крем за блага верзија.

Овие кифлички имаат посебен мирис и вкус и се многу меки.

Наместо маргарин, користев сало. И со него супер испаднаа. Што по грешка јас ставив и во тестото. Еве веќе 3 ден како се меки, премеки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови