Во овој рецепт се кријат совршено меки кифли, кои дополнително со путерот имаат прекрасен вкус.
Бидејќи имам мини рерна, а стравував од превтасување, јас правев пола доза и така и ги запишав мерките погоре. Од оваа доза мене ми излегоа околу 40тина кифлички.
Најпрво, во топлото млеко, додајте го квасецот, шеќерот и солта. Мешајте додека да се раствори квасецот и постепено додавајте брашно, да се направи како каша. Оставете ја оваа смеса на топло околу 20тина минути да скисне. Потоа, додајте го маслото, растопениот путер, двете белки и замесете со брашно.
Месете се додека не добиете еднолично тесто. Тестото е многу меко и брзо втасува, па затоа кифличките се прават веднаш. Јас од тестото, вадев помали топчиња, па секое го расукував, на претходно намрснета површина. Го расукувам на долго топчето, на 4 места го засекувам со нож и од тестото виткам кифлички.
Наредете ги во плех, обложен со хартија. Секоја тава, во која имате кифлички треба да втасува дополнителни 45 минути на топло. Тоа значи, дека додека ги направите сите кифлички и премачкате потоа, првата тава која сте ја наполниле е спремна за печење.
Кифличките, премачкајте ги со жолчките, наросете сусам и врз секоја кифличка, додајте по две мали коцкички путер.
Печете ги во претходно загреана рерна, на 200степени околу 20 тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови