Поттикната од ароматичниот колач со дуњи, кој страшно ме потсетуваше на медењак, се решив да си направам вистински колач медено срце.
Колачот е прекрасен, сочен и многу вкусен, а тоа може да се види уште од состојките.

1. Јајцата се двојат. Путерот се мати со ванилиниот шеќер и потоа едно по едно се додаваат жолчките, со постојано матење.
2. Потоа се додава и медот и убаво се мати целата смеса.
3. Кон тоа се додава предходно стопеното чоколадо и изладено, но сеуште да е течно. Се додава во потенок слој.
4. На крај се става јогуртот и со матење се добива убава чоколадна смеса.
5. Се престанува со матење и се додаваат сувите состојки. Сето тоа убаво се меша, за да добиете хомогена смеса. Во неа се додава и румот и убаво се меша.
6. Смесата можете да ја печете одеднаш во големата тава од рерна, па да ја исечете на половина или пак на два пати во Делимано тавчето за колачи 20х30см. Јас печев на два пати.
-Прво се става половина од смесата и се пече додека да фати коричка.
7. Во меѓувреме се топи чоколадото и се меша со мармаладот од сливи (може да се користи и мешан мармалад).
8. Врз печеното тесто се прелева филот и убаво се распределува. Врз него се наросуваат бадеми (или ореви). Потоа се става вториот дел од тестото и убаво се распределува. Се враќа во рерна на 180 степени, околу 10тина мин. Колачот е печен кога ќе почне да се двои од страниците на тавата. Проверете со чепкалка!
9. Оставете го колачот да се лади и подгответе ја глазурата.
10. На оган се става путерот, млекото и шеќерот да се стопат и спојат. Смесата се прелева врз кршеното чоколадо и убаво се меша, додека да се врзат состојките. Оставете ја глазурата 15тина мин да се излади, а потоа се прелева врз колачот и се остава цела вечер да се лади и убаво да се врзат сите слоеви.
11. Исечете по желба, може коцки, правоаголници или пак во вид на срциња, ако сакате да биде право медено срце.

-Ако се решите да ја печете во големото тавче од рерна, изладеното тесто се сече на два дела по должина, потоа се става филот и одозгора се става кората. На крај се прелева со глазура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови