Делимано апартот иако е со 4 функции кај нас дефинитивно е најискористен за крофни. Па еве еден од рецептите што ги испробав и се покажа како доста вкусен.
Јајцата заедно со шеќерот се матат со миксер, ако сакате поблаги крофни, додајте повеќе шеќер.
Се додава масло, млеко и мед и се продолжува уште кратко со матење.
Брашното се меша со пецивото, па постепено се додава со другата смеса и се мати да се соедини.
Апаратот се премачкува со масло и кога е загреан, со помош на широк шприц или со кеса за замрзнување, на која сте го отсекле едниот крај, се полнат калапчињата.
Се печат околу 6 минути.
Кога се готови може дополнително да ги прелиете со мед, и да уживате!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови