Пред 5 години направив една куќичка,но сега ја направив повторно за моето внуче Петар.
 
1. Во сад се става медот, шеќерот и маргаринот и сето тоа се загрева додека не зоврие односно додека шеќерот не се растопи. Потоа се остава смесата добро да се олади.
2. Се просејува брашното со пецивото и се додаваат зачините за медењаци. Внатре се ставаат јајцата и оладената смеса од медот. Со миксер се мати да се добие глатко тесто. Тестотот се остава на ладно место околу 1 саат.
3. Тестото се расукува и со помош на шаблонот се сечат делови на куќа. Се печат на 190С-10 мин .
4. Се украсува со ајсинг крем кој се меша со вилушка и додавање на шеќерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани